Делегација на општина Александровац – Србија, предводена од градоначалникот Благоја Стајковац, деновиве оствари посета на општина Охрид.

Во охридската локална самоуправа гостите од Србија беа дочекани од страна на заменик- градоначалникот Ангел Јанев, при што заеднички беше констатирано дека двете општини имаат воспоставено добра соработка, која во иднина треба да се продлабочува.

Беше потенцирано дека  преку заеднички проекти од областа на стопанството, туризмот, културата и образованието можат да се  користат средства од европските фондови. Посебен акцент, како што беше речено, треба да се стави на туризмот, бидејќи Охрид е голем туристички центар, а Александровац е познат по винскиот туризам.

OhridNews