Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид. Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид. Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм).

Доаѓа по 6.5 сезони поминати во РК Вардар 1961, има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на Македонската сениорска репрезентација, посочуваат од ГРК Охрид.

Ќосевски ќе го носи дресот со број 77.

OhridNews