Надлежните со низа препораки поради топлотниот бран кој ја зафати Македонија и регионот и порастот на температурите на воздухот и до 36 степени целзиусови.

За време на топлотниот бран да се избегнува излегување и извршување на напорни физички активности во периодот од 10-17 часот. При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка. Носете светла и лесна облека (светлите бои, во извесна мера ја одбиваат светлината) од природни такенини (памучни, ленени), ставете заштитни очила и капа.

Внесувајте големо количество на течност , почнувајќи од обичната вода за пиење, па се  до минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци. Внесувајте помало количество на храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер. Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот  доктор, се дел од препораките за превенирање на негативните последици од топлотниот бран.

OhridNews