После десет минати години Алесандро Неста в недела ќе го одигра последниот меч во “црвено-црниот“ дрес на Милан. Неста на денешната пресконференција го објави своето заминување од Милан.
– За мене секогаш ќе останат убавите моменти кои во овие десет години ги имаше и тоа многу. Лацио и Милан се екипите кои ги носам во моето срце, тоа се единствените клубови за кои сум играл -рече Неста.
Неста направи кратка ретроспектива на годините минати во Милан. – Најсилниот Милан беше онај од скудетото 2004 година со Кака` во составот. Најдобрата одбрана пак беше онаа со Стам, Малдини, Каладзе.
Неста напомена дека неговата
адекватна замена е бразилецот Тиаго Силва, а најсветол момент е
освоената Лига на Шампиони во Манчестер против Јувентус. Анчелоти е човекот кој го смета за најважниот во неговата кариера, а ќе му недостигаат поранешните соиграчи
– Ќе ми недостигаат сите. Првенствено сите во техничкиот дел од кампот Миланело, а секако моите легендарни соигрчаки како Амбросини, Гатузо, Сидорф, Малдини и Костакурта.
Алесандро Неста со Милан освои 2 скудета, 1 куп, 2 пати Лигата на Шампиони, 4 супер купа,(два во Италија два во Европа) и едно светско клупско првенство.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com