Алијансата за позитивна Македонија ќе формира огранок во Охрид, дознава OhridNews. Подготовките се во тек, формирано е иницијативно тело, а најавена е и посета на Охрид на претседателот на АПМ, Љупчо Зиков и Владо Бучкоски, кој е еден од основачите на движењето кое неодамна прерасна во партија.

На средбата, според најавите, ќе се разговара за организирање конференција на Алијансата за позитивна Македонија, како вовед во формирање огранок на партијата во Охрид.

OhridNews