Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Тој по завршување на сезоната ќе премине на „Алијанц арената“ без никаква отштета бидејќи му завршува договорот со Борусија Дортмунд.
Договорот со Баерн Минхен полскиот интернационалец ќе го потпише на 2 јануари и конечно ќе стави точка на сагата околу неговиот трансфер.
Левандовски во Борусија Дортмунд пристигна од Лех Позњен во 2010 година и со ефикасните игри веднаш ги освои симпатиите на „Сигнал Идуна Парк“.
Трансферот на Полјакот во Баерн Минхен од Дортмунд е втор за краток период откако пред почетокот на сезоната Марио Геце за 37 милиони евра премина во редовите на „баварците“.
Мх.П.