–
Беше тешко затоа што притисокот за победа беше на наша страна. Египјаните одиграа одлична одбрана и ни требаше долго време да ја пробиеме. На трибините ги забележав Модриќ и Балиќ им благодарам за поддршката и нека дојдат и против Шпанија – посочи голманот на “коцкастите“ Мирко Алиловиќ.
Голманот на хрватската селекција беше најдобар поединец во натпреварот со Египет откако успеа да собере 15 успешни интервенции. Следен противник на Хрватска е селекцијата на Шпанија, која исто како и “коцкастите“ имаат четири победи.
– За разликата од другите натпревари ние ќе сме тие кои ќе бркаме изненадување на мечот со Шпанија. Тие се домаќини ќе бидат бодрени од публиката, а тоа и нас ќе не мотивира дополнително – заврши Алиловиќ.











