Ниту по преспиената ноќ хрватите неможат да го преболат поразот од Шпанија во 1/2 финалето на Европското првенство во Полска. „Коцкастите“ до 20-та минута од првиот го контролираа резултатот, но шпанците со серија 8-1 го презедоа водството во своја полза (18-14) и не го испуштија до крајот на мечот (33-29).


– Им паднавме в раце, во нивната машина, а шпанците во тоа најдобро се снаоѓаат. Не „терорзираа“ од линијата на шест метри во првиот дел, а во вториот дел се разиграа крилата. Играа на сигурно и искусно до зицер позиција. Иако ние почнавме одлично, отворивме добро во нападот и сигурно сепак застанавме, незнам зошто. Да не победеа со голманските интервенции ќе речев добро, но вака можам да кажам дека сами се победивме. – рече голманот на Хрватска, Мирко Алиловиќ.


Дел од причините за поразот и „топло ладно“ играта на Хрватска на ЕП во Полска голманот на унгарскиот шампион Веспрем побара кај самиот себе. – Работите во репрезентацијата за мене не одат како јас сакам, очекувам и онака како што ми одат во клубот. Неможам да лоцирам зошто бранам толку лошо во репрезентацијата. Дали се работи за паника или пак некој притисок кој сам си го наметнувам. Најмногу ми е жал за соиграчите од репрезентацијата бидејќи не им помагам кога најмногу им требам. Незнам што ќе биде понатаму со мене во репрезентацијата.

Хрватска в недела со почеток во 15 часот против Норвешка ќе се бори за сребрен медал додека во финалето Шпанија ќе се сретне со Германија.

OhridNews