Екипата на Ливерпул скапо го плати триумфот над Норвич на стартот од Премиер лигата откако се повреди првиот избор на голот Алисон Бекер. Бразилецот го повредил листот на ногата и ќе паузира од три до четири недели.

  • Не можам да предвидам колку точно но сигурно ќе паузира неколку недели. Тој немал проблеми со повреди во минатото и мислам дека ќе се опорави побрзо од предвиденото. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.

На голот од Ливерпул ќе застане Адријан кој токму како замена за Алисон Бекер беше доведен на Енфилд. Поранешниот голман на Вест Хем дебитираше со Норвич во Премиер лигата а истото ќе го направи на утрешниот дуел со Челси во Супер купот на Европа.

OhridNews