Ормарче под напон стои отворено на ул. „Сирма Војвода“, предупредуваат загрижени граѓани. Тие велат дека цел ден се обидуваат да ги известат надлежните служби да интервенираат заради заштита на луѓето, но безуспешно.

–  Пред четири – пет часа се обидов да ја известам ЕВН, на тел. 089088888, но цело време добивав сигнал – зафатено. Затоа се јавив во полиција, на 192, а од таму ми рекоа дека тие ќе ги известат дежурните од ЕВН. Пред два-три часа лично отидов во полиција и тие ми соопштија дека јавиле. Сега е веќе мрак, помина 20 часот, а ормарчето си стои отворено.  Местото е омилено за игра на мали деца и затоа е потребно што поскоро да се отклони опасноста. -вели жител од улицата „Сирма Војвода“.


Жителите од улицата „Сирма Војвода“ апелираат до надлежните служби што поскоро да го санираат проблемот, за да не дојде до несакани последици.

OhridNews