Пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо за прв пат по скоро две години ќе тргне од пол позицијата на една трка во Формула 1.

Шпанецот на дождливата трка во Сиверстон беше побрз од пилотот на Ред Бул Марк Вебер за само 0.047 секунди.

Во вториот ред ќе стартуваат Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. Миленикот на домашната публика Луис Хамилтон трката ќе ја стартува од осмата позиција.

Британец не победил во Силверстон од 2008 година.