Европскиот првак Шпанија рутински ја совлада “немоќната“ Франција со 2-0 и се пласираше меѓу најдобрите четири на стариот континет.


Чаби Алонсо е херојот на “фуријата“. Фудбалерот кој против Франција го одигра 100. меч на два пати ја затресе мрежата на Лорис.

Прво во 19 минута со глава, а потоа во последните моменти од пенал го постави конечниот резултат.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Португалија.

М.П.