Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, рече дека неговиот тим е разочаран поради синоќешниот пораз од Рома во првиот полуфунален натпревар во Лига Европа, но додаде дека одлуката за патникот во финалето ќе се носи на реваншот во Германија.

Рома пред своите гледачи на стадионот „Олимпико“ го совлада Баер Леверкузен со 1-0 со голот на Едоардо Бове во 63 минута, додека вториот италијански полуфиналист Јувентус со голот на Федерико Гати во завршните секунди од натпреварот во Торино одигра 1-1 против Севиља, откако шпанскиот тим поведе преку Јусеф Ен – Несини во 26 минута.

Не сме задоволни од овој резултат – не сакавме да загубиме. Сепак, свесни сме дека идната недела ќе имаме нова шанса и знаеме што треба да направиме. Мораме да победиме во реваншот. Немаме простор за грешка, изјави Алонсо на прес – конференцијата по натпреварот меѓу Рома и Баер Леверкузен.

Во двата полуфинални натпревари во Конференциската лига, Базел забележа гостински победа од 2-1 против Фиорентина, додека Вест Хем со истиот резултат пред своите гледачи стекна почетна предност пред реваншот против холандски АЗ Алкмар.

OhridNews