Познатиот Алтанин Мост е затрупан со ѓубре од двете страни на коритото од Коселска река. Тука има се’ од покуќнина и мебел до најлонски ќеси и пластика, а грдата слика ја надополнуват руинираните куќички над патот кој води до селото Лакочереј. Секојдневно тука поминуваат голем број луѓе, но по се изгледа никому не му пречи оваа глетка, недостојна за град во кој цивилизации непрекинато живеат веќе седум милениуми.


Алтанин Мост над ѓубре

OhridNews