Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи синоќа Централниот совет, највисокото тело на партијата.Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Советот.

Причина за влегување во Владата, како што наведе Муртеазни, се историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.
OhridNews











