Ракометарите на Вардар се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, а како причина за такво нешто, тренерот Стевче Алушовски ги посочи грешките во офанзивниот дел.
Добро го почнавме натпреварот, посебно бевме добри во одбрана. Во нападот имавме проблеми, а грешките што ги направивме во последните 15 минути домаќинот знаеше да ги казни и да ги претвори во победа, истакна Алушовски.

Следната недела 2црвено-црните“ ги очекуваат две гостувања. Прво одат во Париз кај ПСЖ, а потоа продолжуваат за Германија каде треба да му гостуваат на Флензбург.
OhridNews











