Бразилецот Дани Алвеш постави нов рекорд во Барселона. Тој се најде во почетниот состав на Каталонците на вечерашниот дуел со Гранада и со 38 години и 247 дена стана најстариот играч кој настапувал за каталонскиот гигант во шпанското фудбалско првенство.

Овој натпревар е во рамките на 20. коло од Ла Лига.
Бразилецот го надмина голманот Хозе Пинто, кој за Барселона играше со 38 години и 190 дена, на 17 мај 2014 година против Атлетико Мадрид.
OhridNews










