Барселона со освојувањето на светската клупска круна ја заокружи одличната година проследeна со трофеј од “Ла Лига“ и Лигата на Шампиони. Единствено на “блауграната“  во витрините им недостиг титулата од “Копа дел реј“ каде изгубија во финалето од Реал Мадрид.

После натпреварот во финалето од светското клупско првенство, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо изјави дека екипата на Гвардиола освоила едно обично натпреварување и дека нема простор за воодушевување.


Фудбалерите на Барселона како во многу наврати до сега не останаа рамнодушни на коментарите од својот најлут ривал, Мурињо.

Зависта е “гадна“ работа, дециден беше дефанзивецот Даниел Алвеш и продолжи, не се замараме со Реал Мадрид, а посебно не со нивниот “кловн“ Мурињо. Ние ги почитуваме неговите успеси, а тој нашите ги занемарува и се потсмејува. За да стигнеш до тие “мали“ натпреварувања прво треба да ја освоjиш Лигата на Шампиони.  


Бразилецот во дресот на Барселона, Даниел Алвеш се осврна на пролетниот дел од сезоната откако во есенската полусезона Реал Мадрид заврши со три бодови предност.

Ќе продолжиме во исти стил, да му создаваме многу проблеми на нашите противници. Останува да се доигра и пролетниот дел па ќе видиме кој ќе се радува на крај. заврши Алвеш.

Прв пат по доаѓањето на Гвардиола на клупата од Барселона, “блауграната“ заостанува три бода зад Реал Мадрид помеѓу паузата на есенскиот и пролетниот дел.

Мх.П.