“Мечот во “Кале“ против Вардар воопшто нема да биде лесен и наивен како што изгледа“ предупредува стратегот на Амак СП, Марјан Лазовски. Охриѓани во првата меѓусебна пресметка натпреварот го решија во третиот период совладувајќи ги вардарци со 89-71. – Искуството е на наша, а младоста на нивна страна. Натпреварот е од исклучителна важност за двете екипи. Домаќините го бркаат последниот воз за Суперлигата, додека ние мора да ја оправдаме фаворитската улога – вели Марјан Лазовски.
>>Прва мак – баскет лига 16 коло
По поразот во Охрид од првакот Фени, “езерџиите“ мора да заиграат како што се очекува од нив, поодговорно и во одбрана и во напад. Деновиве поради повреда на грбот со поштеда тренираше високото крило Чубрило (11,5 п. 10 ск сезонава), но се очекува да биде подготвен за мечот со Вардар.











