Охридскиот Амак СП поради серија грешки на судиската двојка Златевски и Денковски кои директно влијаеле на кончениот победник бара поништување на натпреварот и негово преиигрување.
Во приговорот кој пристигна до нашата редакција се вели :
„Во законски предвидениот рок го доставуваме овој ПРИГОВОР за некоректното, непрофесионалното и тенденциозно судење на судиската двојка Златевски и Денковски на натпреварот АМАК – МЗТ во одлучувачкиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот одигран на 30.04.2009 г. во Охрид во салата „Билјанини извори“, со што директно повлијаеа на конечниот резултат.
Погледајте ги само очигледните погрешни одлуки на штета на АМАК во третата четвртина кога Дамјан Стојановски беше фаулиран од Аврамовски, а беше досуден фаул против Амак од судијата Златевски.
Потоа погледнете добро како Гамбирожа стои со подигнати раце, а Соколов прави влез промашува, а се суди лична од Гамбирожа. Соколов оди на линијата за слободни и погодоува на два птаи.
Во самиот финиш, во последниот напад чист старт на Војдан Стојаноски, а судијата Денковски суди лична грешка и две слободни за Соколов со што и го решава конечниот победник.
Примери има уште многу , впрочем во текот на натпреварот и коментаторот на МРТ, Горан Милковски констатира ” можеби оваа одлука на Денковски ке биде на крајот кобна за Амак” што навистина се покажа така.
Бараме судиската комисија да ја прегледа снимката со посочените спорни одлучувачки моменти и да го поништи натпреварот!
Очекуваме итна реакција од ваша страна заради запазување на регуларноста на кошаркаскиот шампионат“- се вели во приговорот потпишан од преседателот на клубот Венко Шапкар.
По сите овие забелешки, на кои очигледни се направените превиди од судиската двојка и тоа сите на штета на Амак СП за очекување е комисијата да го усвои приговорот на охриѓани и натпреварот да биде преигран.
Ракометарите на Охрид во рамки на 18-то коло од Супер лигата во четврток гостуваат во Радовиш Иако Радовиш е екипа без победа до сега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со ...
ГРК Охрид му оддржа ракометна лекција на актуелниот првак Е Пелистер во салата “Билјанини извори” Домаќинот славеше 29:25 во меч во кој Охрид беше подобар во сите 60 минути Битолчани т...
Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете еки...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.