Достоинствена презентација во Европа, освоен трофеј во купот и елиминација во четвртфиналето од разигрувањето за титулата е учинокот во третата година од постоењето на охридскиот кошаркарски клуб Амак СП.
Два чекора беа направени во Европа, откако охриѓани се “насладија“ со Лашко, холандските Ајфелови кули сепак се покажаа превисоки
Ритамот “езерџиите“ го издржаа до крајот на годината кога новогодишните празници ги дочекаа во самиот врв на табелата.
Следуваше економската криза која со себе ја повлече резултатска криза, по која охрѓани се најдоа во слободен пад. Дојдоа натпреварите во националаниот куп. Охриѓани ја искористија предноста наречена домашен терен и со победите над МЗТ, Фени и Пелистер во финалето станаа седмата екипа која го освоила овиј трофеј, прв во историјата на клубот.
Сепак слободниот пад не застана тука, продолжи серијата порази , по која “белите“ го изгубија третото место и во пресрет на плеј – офот влегоа како четврото рангирани.
– По освојувањето на купот колата тргна низ брдо, резултатите не беа како што очекувавме, но и не кошаркарски мотиви како што беше “рецесијата“ не зафатија и нас по што се` се одрази на резултатите на клубот.
Во плеј – офот ги чекаше стариот познаник МЗТ Скопје. Серијата ја отворија со домашна победа, прва во плеј офф натпреварувањето. Не ја искористија првата меч топка на гостувањето во Скопје, по што се очекуваше работата да биде завршена во “Билјанини Извори“. Но не беше така, прв пораз од “штрковите“ во Охрид што значеше крај на сезоната. На двапати охриѓани имаа напад за победа кој не успеаа да го реализираат. – Нема да дозволиме клубот да згасне. Амак ќе биде градски клуб. Сè уште е рано за повлекување на било какви потези, не знам што ќе биде следната сезона, но мислам дека клубот ќе се сврти кон поголема промоција на млади кошаркари – изјави Христијан Шапкар, вториот човек на Амак-СП.












