Кошаркаската федерација на Македонија го одби барањето на Амак СП за одложување натпреварот против Овче Поле кој денес требаше да се игра во Св Николе.
Охриѓани поради суспензијата на тренерот Огнен Дедиќ, бараа да се одложи мечот, но федерацијата не го прифатила барањето.
Амак СП има еден минус по неодиграниот меч во Кавадарци, дали ќе следи исклучување од лигата федерацијата ќе соопшти во Понеделник.











