
– Задоволни сме од играта на Вилијам ,за него ова е прво европско искуство и ќе му треба уште време да се адаптира на “македонскиот“ стил на игра – рече Игор Гацов по завршувањето на натреварот .
На проба во редовите на АМАК СП е српскиот интернационалец Дејан Вукичевиќ кој треба да ја зголеми конкуренцијата на бековската позиција .
Сепак никако натпреварите помеѓу овие две екипи да добијат “пријателски“ карактер. Незадоволен од својата или од играта на своите сооиграчи српскиот интернационалец во редовите на Пелистер Вујовиќ својот бес го искажа демолирајки ја влезната врата ! ! !
КК Маврово ќе биде деветтиот учесник во првата кошаркарска лига, откако во предвидениот рок го исполнија условот, односно го уплатија остатокот до 10.000 Евра со кои го купија местото меѓу најдобрите.
Со тоа практично се исполнија сите услови за почеток на првенството според претходно одредениот распоред, но со нови термини за одигрување на колата. Канцеларијата на здружението во понеделник ќе ја објави новата листа на термини за одигрување на колата во првенството, во кои за очекување, заради одложувањето од една седмица, да има уште две меѓукола, во кои натпреварите ќе се играат во среда.
М. Постоловски











