Селекцијата на Македонија , Југоисточен регион стартуваше со реми на квалификацискиот турнир од Регионалниот куп кој се игра во Мурска Собота.

Избраниците на селекторот Мите Митев поведоа со погодокот на Имери во 3. минута но не усепаа да ја одржат предноста. Изедначувањето дојде во 67минута кога Бокан постигна погодок за словенечкиот претставник Мурска Собота за конечни 1-1.

Во втората средба на турнирот, турската селекција од Анкара славеше против израелскиот Кармел Шафед со 1-0.

Следната средба ЈИР Македонија ја игра против претставникот на Турција, Анкара на 7. Април со почеток во 16ч.

Ohridnews