Во последното коло од квалификациската група за завршниот турнир, селекцијата на ЈИР Македонија го совлада израелскиот претставник Кармел Шафед со 2-0 со што го освои третото место на турнирот зад селекцијата на Анкара која со победата од 3-1 против домаќинот Мурска Собота го освои првото место со максимални 9 бода и Мурска Собота која поради подобрата гол разлика го освои второто место.


Стрелци за нашиот тим беа Мојсовски во 35м. и Илиев во 38м.

Македонија на оваа средба настапи во следниот состав: Бошнаков, Петрушевски,Ќорбајрам, Клечкаровски, Василев(Имери), Мојсовски, Илиев(Димитриоски), Салиевски, Рамадани(Вареловски), к. Јанев, Т.Јанев. Селектор: Мите Митев.

Табела: Анкара 9, Мурска Собота 4. ЈИР Македонија 4, Кармел Шафед 0