Аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, составена од 12 млади актери, вчеравечер, го имаше своето прво претставување во странство. Како гости на Црвен крст Крагуевац, во Театарот за млади, талентираните охридски актери пред крагуевската публика настапија со театарската претстава ” Суд за морални вредности“, во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска.

Посетата во Крагуевац, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ја искористат и за продлабочување и конкретизирање на заеднички активности со Црвен крст Крагуевац.

Аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, го отвори првиот Меѓународен Аматерски театарски фестивал “Вдиши Театар” што во рганизација на општинскиот Црвен крст се одржа во мај оваа година.  

OhridNews