Амбасадорите на ЕУ денеска едногласно одобрија мисија за воена обука за околу 15.000 војници на украинските вооружени сили, изјавија неколку дипломати за ДПА.

Како одговор на руската војна против Украина, што почна пред речиси осум месеци, шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, во август ја покрена идејата за нова иницијатива за обука на украинските војници.

Според претходните најави, мисијата може да вклучи обука во области како што се логистиката и заштитата од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, пренесува ДПА.

Денешната одлука на амбасадорите на 27-те земји-членки на Европската унија треба официјално да биде одобрена и од шефовите на дипломатиите на ЕУ, во понеделник во Луксембург.

OhridNews