Сите амбасадори од члениките на ЕУ изразија силна подршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и нејзината работа, напиша на твитер евоамбасадорот Аиво Орав.Јанева остварила средба со речиси сите дипломатски претставници во земјава кои биле информирани за нејзините досегашни активности, проблемите со кои се соочува и поднесените кривични пријави за нејзиниот тим. Амбасадорите ја подржале во напорите професионално да ја извршува функцијата и соодветно да одговори на сите предизвици со кои се соочува.

Пред пет дена таа оствари средба и со Американскиот амбасадор Џес Бејли. Американската претаставничка  на ОБСЕ, Кејт Барнс  ги повика сите политички партии да ја подржат работата на Специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше побарано да не ја напаѓаат нејзината работа.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на ова возврати со апел до Јанева да се дистанцира од партиско влијание и да работи според законите.Во меѓувреме викендов тимот на Јанева доби нови 12 кривични пријави .

 

 

OhridNews
извор Телма