Новоименуваната амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Бернс, првиот работен викенд по стапувањето на функцијата го мина во Охрид. Таа присуствуваше на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ и ги разгледа убавините на градот, од кој е воодушевена.

Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговите природни и културни убавини и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. – напиша меѓу другото на својот твитер профил амбасадорката на САД.


Амбасадорката на САД воодушевена од убавините на Охрид

OhridNews