Градоначалникот Константин Георгиески, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри.
Градоначалникот Георгиески упати искрени честитки до амбасадорот Силвестри за спортскиот успех на Италјанската фудбалска репрезентација и освоената титула на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, која синоќа во финалето што се одигра во Лондон ја совлада селекцијата на Англија по изведувањето пенали.
Во рамки на средбата, амбасадорот Силвестри искажа силна поддршка и ги поздрави заложбите на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Истакна дека може да биде разгледана можноста, Амбасадата на Италија во нашата земја да посредува за ангажирање на италјански конзерватори, експерти и стручни консултанти за креирање на планови и стратегии за заштита на културното наследство во Охрид. – соопшти општинската прес служба.

Тема на средбата била и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“, во чии рамки годинава, на 30-ти јули ќе биде организирана „Италијанска вечер“ на која ќе настапат уметниците Алесандро Фантони и Џорџо Мартано.
OhridNews













