Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс, денеска престојуваше во работна посета на општините Дебарца и Струга.

Најпрвин тој се сретна со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, со кого разговараше за работата на локалната самоуправа, поектите кои се реализирани и и идните планови.

Градоначалникот Трајкоски го запозна амбасадорот Волерс  за состојбата во општина Дебарца, функционирањето на општината и плановите за развој, а станало збор и за реализација на проекти со поддршка на УСАИД.

Попладнево амбасадорот Волерс престојуваше во Струга. Тој се сретна со градоначалникот Зијадин Села со кој разговараше за состојбите во општина Струга.

-Струга е мултиетничка општина и како таква е пример за соживот.- посочи амбасадорот Волерс. Тој истакна дека речиси сите општини во државата се соочуваат со проблеми во работењето, а исклучок не е ниту Струга. Но затоа тука е градоначалникот да бара решениа за проблемите, додаде Волерс.

-Амбасадорот Волерс е добар пријател на Струга и на стружани, без оглед на нивната етничка припадност. Со него разговаравме за работата на општината и за проблемите со кои се соочуваме-изјави градоначалникот Зијадин Села.

OhridNews