– ЕУ денес е еден од најуспешните мировни проекти во целиот свет, а доказ за тоа се и вашата земја и многу други кои сакат да станат член на Европската унија. Оваа дискусија е во рамки на активностите за одбележување на Денот на Европа и би сакал од охриѓани да научам нешто повеќе за тоа што тие мислат за процесот на проширување на ЕУ, како и за развојот на општина Охрид, рече амбасадорот Орав.
Во своето обраќање до амбасадорот, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, истакна дека Охрид со задоволство ги поддржува и учествува во организацијата на настаните поврзани со ЕУ и дека денешната панел дискусија е една од можностите за приближување на европските принципи до нашите граѓани, како и можност македонските културни вредности да ја зголемат општата понуда на европскиот континент.
– Охрид и Македонија се наш и ваш дом, онака како што и ние чуствуваме дека обединета Европа е дом на сите народи кои учествуваат во чувањето на демократските вредности и градењето на заедничките демократски стандарди, рече градоначалникот Петрески.
На трибината учествуваа и проф. Д – р Милева Ѓуроска, претседател на на ЕДРМ, проф. Д – р Константин Миновски, генерален секретар на ЕДРМ, проф. Д – р Антонела Петкоска, како и бројни претставници на културниот и општествениот живот во Охрид и ученици.