Амбициозната жена Аманда Ставели не се откажување од купувањето на англискиот премиерлигаш Њукалс, откако сегашниот сопственик Мајк Ешли одби понудата висока 300 милиони фунти.

Ставели која е предводник на фирмата „PCP Capital Partnes“ повеќе од три месеци заедно со своите соработници и бизнис партнери го анализирале Њукалс и одлучиле да испратат понуда за купување.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ешли без мислење ја одбил првата понуда во понеделникот вечерта, но Ставели и нејзиниот тим не се откажуваат.

На страната од заинтересираните купци сигурно ќе застанат навивачите кои години наназад бараат од Мајк Ешли да го продаде клубот поради слабите резултати.

44-годишната Ставели исто најави нови средства за менаџерот Рафа Бенитез кој ќе ги искористи за засилување на екипата во зимскиот преоден рок.

Популарните „страчки“ сезонава се вратија во англиската елита, откако пред две сезони покрај вложените финансиски средства не успеаја да обезбедат опстанок.

OhridNews