Мало село во Македонија со сопствена валута, устав и пасош – вака започнува репортажата на американскиот телевизиски канал Фокс Њуз за Вевчани и вевчанскиот карневал.

Во неа стои дека жителите на Вевчани, преку маските кои се карактерстични за карневалот, ги исмејуваат националните и верски лидери, а на ироничен начин си поигруваат со нивните јужни соседи.

Инаку, несктротливиот вевчански дух и вековната традиција, на овогодинешното издание на карневалот привлече голем број гости. Васлиличарите потсетија на стогодишнината од Букурешкиот договор, незаборавајќи да им дадат помен на Грција откако минатата година ја погребаа.

OhridNews