Американскиот боксер Патрик Деј почина подлегнувајќи му на повредите на главата здобиени во борбата со Британецот Чарлс Конвел која се одржа во Чикаго. Конвел победи со нокаут во десеттата рунда а Деј поради сериозноста на повредите на носилки беше изнесен од рингот и префрлен во болница.

Поради претпазливост тој беше чуван во кома, но не успеа да ги преброди повредите на мозокот и почина во кругот на семејството.

  • Беше син, брат и пријател на многумина. Тој пленеше со својата љубезност, позитивност и великодушност и остави траен белег во нашите животи. – стои во соопштението од семејството на Деј.

Фаталната борба по животот на Деј беше воведна во Чикаго за средбата помеѓу Александер Усик од Украина и Американецот Чез Витерспун. Конвел после трагична вест се огласи и рече дека многу жали за Деј.

OhridNews