Во посета на општина Дебарца денес беше американскиот амбасадор во Република Македонија Пол Волерс кој оствари средба со градоначалникот Игор Трајкоски. На средбата се разговараше за локалната власт,проектите кои се реализирани и проектите кои ќе се реализираат во идниот период.
Од страна на градоначалникот Трајкоски амбасадорот Волерс беше запознаен за состојбата во општина Дебарца, како и за начинот на добивање помош од централната власт и меѓународните организации.
Амбасадорот беше информиран и за проектите кои се реализираат со подршка на УСАИД во општина Дебарца, меѓу кои е и проектот за реконструкција на основното училиште, кој е во подготовка.
OhridNews