Документарен филм “Танцот со пастрмките” на искусниот меѓународен нуркачки инструктор од нуркачкиот центар „Амфора“, сега е достапен онлајн на пошироката публика.

Охридската пастрмка претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското Езеро, но неконтролираниот лов ќе доведе до потполно исчезнување на истата. Целта на овој документарен филм е да се запознаеме со вековниот ритуал на Охридската пастрмка, каде се мрести, како се однесува при мрест, кои се реакциите при контакт со нуркач, а со единствена порака за нејзина заштита од изумирање. – истакнуваат од нуркачкиот центар „Амфора“.

Документарниот филм е сниман во текот од пет сезони во зима декември, јануари и февруари во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии.

Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови, на температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени, во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода. За да се направи добар снимен материјал потребно големо искуство во нуркање, стабилност при снимање, да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои се мрести. Најчесто се снимаше на длабочина од 2 до 15 метри, но направивме и доста нуркања до 40 метри длабочина. – истакнуваат од „Амфора“.

Овој документарен филм имаше своја промоција во Охрид во 2017 година, но до сега не е објавен во медиум.

На овој начин сакаме да придонесеме во овие тешки времиња и на нашите граѓани да им овозможиме една интересна приказна која ќе им го олесни домашниот престој. – велат од „Амфора“.

OhridNews

Емотивен танц со пастрмките на искуснииот нуркач Милутин Секулоски – повик за спас на охридската подводна убавица