Агенцијата за Млади и Спорт со 20.000 евра ја награди македонската ватерполо репрезентација која на своето деби учество на Европско првенство во Малага, Шпанија го освои 8-то место.
Новиот директор на АСМ Ѓурчевски лично и во името на државата им се заблогадарил на ватерполистите што храбро, спортски и достоинствено се бореа да го претстават името на нашата држава.
Нашата селекција не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Пекинг, бидејќи немаше поволен резултат на квалификацискиот турнир во Романија.










