На автопатот Велес-Скопје, кај м.в.Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Струга, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Сарамзалино, Велес, Македонски Брод, КриваПаланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews