Младата Јана Ангелоска победи на наградниот ликовен конкурс. што по повод Денот на велосипедот –  3 Јуни, го распиша Авто школата „Старс Инженеринг“ на тема: „Како треба да изгледа безбедно возење велосипед во сообраќајот“. Второто место го освои Елена Дејкоска, а третото Фуркан Адем. Вака одлучи жири комисијата, во чиј состав имаше и наставник по ликовна уметност.

Јана Ангелоска – Прва награда на ликовниот конкурс на АШ „Старс“

За најуспешните на конкурсот Авто школата „Старс“ обезбеди пригодна награди, заштитна кацига за велосипед за првонаградената, светла за велосипед за второнаградената и катинар за велосипед за третонаградениот. Тие, како и сите други учесници на наградниот ликовен конкурс добија и пригодни маички и други подароци.

Второ и трето наградените учесници на ликовниот конкурс

Како општествено одговорна компанија, реализиравме креативна, едукативна кампања, која има за цел подигнување на јавната свест за потребата и корисноста од употребата на велосипеди, во насока на подобра урбана мобилност, поголема безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, како и за потребата од подобрување на велосипедската сообраќајна инфраструктура. – истакнаа од Авто школата „Старс Инженеринг“.

Наградените цртежи и дел од учесниците на ликовниот конкурс на АШ „Старс“

Со цел да го свртат вниманието кон придобивките од здравата урбана мобилност Обединетите нации 3 Јуни го прогласија за светски Ден на велосипедот. Велосипедот е едноставно, достапно, сигурно, и еколошки чисто превозно средство. Синергијата, пак, помеѓу велосипедот и корисникот поттикнува креативност и социјален ангажман и ја подига свеста на корисникот за локалното опкружување, поттикнува одржлива потрошувачка и производство и има позитивно влијание врз климата.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска