Станува ли Битола и салата Младост “баук“ за охридскиот АМАК СП. Со пораз го завршија првиот дел, со пораз го започнаа вториот дел од шампионатот и тоа на истото место, градот на конзулите. Дали не ја научија минатогодишната лекција oхриѓани кога низ клубот поминаа еден куп странци а ефектот беше очаен.
Вообичаено најдобар, но осамен во нападот на сино-белите беше Џарид Фрај (34п, 10ск ) но крајниот исход беше 95-87 за домашните.

Скопската пресметка со доста пресврти само благодарение на Вардарци им припадна на дечките од “Градскиот Парк“. Она што не му успеа на Блажески во самиот финиш му успеа на Мираковски (25п, 3с, 3 асс) и со “сигурни“ два не дозволи изненадување. 80-83 за Работнички.
Марјан Лазовски ја пренесе победничката формула од Вардар О. барем кога се во прашање натпреварите со Струмица. За него ова е петти последователен триумф во мечевите со Струмица. Лазовски нацрта, а Тачи реализираше за победа на МЗТ ФОН кај струмичани кои не ни сонуваа ваков старт. Прокоцкаа домашните “недостижно“ водство од плус 19 (77:58). Серијата 25-3 им даде шанса на “штрковите“ кои ја искористија преку Тачи (27п, 8ск, 5ас) кој со звукот на сирената погоди за три и гостински тримумф 98-95.
Најпрецизен по ова прво коло од вториот дел е “охриѓанецот“ Џарид Фрај со 34 постигнати поени. На топ пет листата на стрелци друштво на Фрај му прават Латовиќ 29п (Струмица), Тачи 27 (Мзт Фон), Мираковски 25 (Работнички) а списокот завршува со Станковиќ (Пелистер) 22п.

МВП наградата за најкорисен играч оди во Аеродром кај Мухамед Тачи (27п, 1/5 за три, 9/11 за два, 6/9 од линијата за слободни, 8 скока, 5 асс).












