Во последниот натпревар, на 18-от женски ракометен мундијал, Македонија со ремито 29-29, против Хрватска, по четирите порази го освои првиот бод, но не успеа да го избегне последното место во М1 групата.
 
Со Хрватска нашите ракометарки ги пресликаа предходните натпревари, кои ги одиграа на ракометниот мундијал. Демонстрираа играа исполнета со успони и падови, поразот кој беше извесен на 10 минути пред крајот, на крајот можеше да заврши со победа за македонската репрезентација, но сепак конечното реми е најреален епилог на натпреварот, кој мина во знакот на Наталија Тодоровска која постигна 11 гола.
 
Последниот натпревар на СП Македонија ќе го одигра во петок, кога во борба за 11-то место противник ќе биде репрезентацијата на Полска. Натпреварот ќе се одигра во Париз од 18 часот и 15 минути.
 
Како и да заврши дуелот со Полска, сигурно е дека Македонија нема да го повтори најдоброто остварување од големите натпреварувања. Генерацијата на Индира Кастратовиќ, пред 10 години на СП во Германија го освои 7-то место.
 
Остварувањето на репрезентацијата, сигурно ќе подлегне на многу анализи, но оние кои се задолжени за работата со националниот тим ќе мора и да проценат, да ли се потребни турбуленции од типот, менување селектор на 10 дена пред почетокот на мундијалот и подоцна мешањето во неговата работа.
 
Првиот впечаток е дека, селекторот Љупчо Савеввски со подмладениот состав и само десет дена подготовки, заврши добра работа.
 
За да не се повторат грешките, челниците на ракометната федерација, уште сега сериозно треба да се фата за работа, да изготват во соработка со селекторот квалитетна програма, според која ќе се работи следната година, бидејќи во декември 2008 Македонија, поточно Скопје и Охрид ќе бидат градови домаќини на европското првенство.
 
Признание за генерацијата чиј предводник е Валентина Радуловиќ мора и треба да има, од една причина, го задржаа позитивниот тренд, ракометарките редовно да бидат дел од светските и европските првенства. Ваков дострел останува недостижен за останатите национални селекции.

Ненад Цветанов