Трета година по ред актуелниот шампион во Лигата на шампиони се збогува по натпреварите во 1/8 финалето. Ниту еден шампион досега не успеал да го одбрани трофејот во елитната континентална лига.
По елиминаците на Реал Мадрид и Милан, најтрофејните екипи во ова натпреварување со девет односно седум наслови, некои нови дечки ќе се искачат на подиумот во Москва. Сигурно до таму има уште многу да се игра но без овие гиганти патот дефинитивно ќе биде полесен.
Во прв план избиваат англичаните ако може така да се каже за Арсенал кој во тимот има само еден англичанец, Тео Волкот. Црвените Ѓаволи предоводени од една нова “седмица“, Кристијано Роналдо, се надеваат дека ќе успеат да ја повторат неповторливата 1999 година кога стигнаа до тројна круна (ЛШ, Премиер и ФА Куп). Своја шанса од втор план ќе чекаат лондоските “сини“ кои по депортирањето на Мурињо се ослободија од медиумскиот притисок.

Разноликост и првилечност на најсилната континетална лига му дават германскиот Шалке и турскиот Фенербахче. Навивачите на обата тима треба “раце“ да им бацуваат на своите голмани Волкан Демирел и Мануел Нојер кои со своите одбрани ги донесоа во ¼ финалето.
Осмиот патник ќе биде познат во вторник по мечот на Џузепе Меаца помеѓу Интер и Ливерпул.
¼ финалните парови ќе бидат познати на 14 март. Првите натпревари се играат на 01 и 02 Април, реванш мечевите се една недела подоцна.










