Второто коло од вториот дел на шампионатот, прекина две серии. Имено, во шестиот меѓусебен дуел кошаркарите на АМАК СП ја совладаа Струмица, додека битолски Пелистер за прв пат во својата историја триумфираше над Работнички Ф. во Скопје.
(Не)оправдано стравуваа охриѓани од шампионот, кој се покажа во лошо издание пред охридската публика. Но, нели играш онолку колку ќе ти дозволи противникот, а овој пат охриѓани не оставија многу простор за игра. Одличната одбрана и подобрата скок игра се покажаа како одлучувачки во првиот триумф над Струмица.Како по правило најзабележителен беше Фрај (31 п). Двоциферни завршија уште О`Нил (17п) и Тасески (11п). 83-74 за сефте против Стумица.
Не отпишувајте го Пелистер. Комплетната промена во зимскиот период барем за сега е добитна комбинација за битолчани. Пелистерци предводени од Вотсон (27п, 4ск и 3асс) им го нанесоа седмиот пораз сезонава на “шпедитерите“ 81-85. Со ваква екипа и ветарот во грб од “чкембарите“ Битола ќе биде непријатно гостување за секого.

Во ова второ коло одмараше тимот на Вардар О. Полесен тренинг одржаа Вардарци во дуелот со Соколите 109-73.
Второ коло по ред најефикасен во Првата Македонска Кошаркарска лига е “охриѓанецот“ Џарид Фрај со 31п. Втор на листата е Вотсон (ПЕЛ) 27п, на третото место е “соколот “ Георгиевски со 25. Четврт на листата е Живковиќ (МЗТ) со 23, додека Топ 5 листата се затвара со Станковиќ (ПЕЛ) 22 поени.

Најкорисен играч (МВП) во ова второ коло е Џарид Фрај (31п, 1/1 за три, 11/12 за два, 6/7 од линијата за слободни, 4 ск и 1 асс).












