На 3/4 од патот кошаркарите на АМАК СП обезбедија пласаман во разигрувањето, примарна цел која беше поставена на стартот на шампионатот. Сега релаксирано без дополнителен притисок, ќе се замешаат во борбата за што подобра позиција на стартот од play-off мечевите. На домашен терен пристигнуваат Пелистер и МЗТ, екипи кои најверојатно ќе бидат противниците на АМАК во 1/4 финалето.
По поразот во Охрид, тренерот на Вардарци Тихомир Матевски го отвори срцето. – Претрпевме неколку несреќни порази во финишот на мечевите. Среќата едноставно не беше со нас во првенството. Црвено-црните своите погледи ги вртат кон Купот на Македонија,каде ќе имаат обврска да го бранат ланскиот торфеј.

Добро што во шампионатот го има К. Соколи кој не ретко се користи за прекин на црна серија. Овај пат им се најдоа соколите на “шпедитерите“ кои ја прекинаа црната серија 96-77.
Тамам “студентите“ на ФОН се залетаа, кога стигна “зелена рампа“ од Битола 69-78. Третото место ќе биде влогот при гостувањето на “чкембарите“ во првото коло од последната четвртина на шампионатот во Охрид.

Десет топки под обрачите собра Латовиќ, додека најдобар додавач во колото беше Мираковски со девет успешни проигрувања.
МВП на колото е Војдан Стојаноски (АМАК СП) 32 п ( 6/8 за три, 6/9 за два, 2/2 за еден) 4 скока.











