Студентот на факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Тони Павловски со анализа на податоците за туристичкиот промет и туристичките движења во Охрид во текот на изминатите неколку години, објавени на веб страната на општина Охрид, од Секторот за туризам и локален економски развој.

Според наведените податоци, Охрид, во последните седум години најпосетен бил во 2008 година, со вкупно 202 104 туристи, од кои 139 643 домашни и 62 461 странски туристи. Исто во 2008 година се остварени најмногу ноќевања, 1 046 836, од кои, 874 071 од домашни туристи, и 172 765 од странски туристи.

– Од 2008 година домашните туристи почнуваат да го губат интересот за Охрид, така, ако во 2008 годин а во Охрид престојувале 139 643 домашни туристи, во следните години бројот драстично се намалува. Така во 2009 година бројката паѓа на 122 258 туристи, во 2010 има повторно пад на бројот на домашните туристи, или во бројки тогаш престојувале вкупно 105 213 домашни туристи. 2011 година во Охрид престојуваат 102 730 домашни туристи, додека во наредните две години бројката на домашни туристи паѓа под  100 000, или во бројки во 2012 година престојувале 99 850 домашни туристи, а лани, во 2013 година 92 637 домашни туристи, наведува Павловски во својот текст.

Тој укажува дека наспроти овие податоци, кај странските туристи сликата е поинаква.

–  Од 2007 година па наваму имаме зголемување на бројот на странски туристи. Така во 2007 година  во Охрид престојувале 57 456 странски туристи, во наредната 2008 година 62 461 странски туристи, додека во 2009 година, во Охрид престојувале 67 441 странски туристи. Во наредната 2010 година има благ пад на бројот на странските туристи, додека во наредните години бројот на странски туристи се зголемува постојано. Така во 2013 година бројката на странски посетители достигнува до 98 867 странски туристи. Исто така се бележи и зголемување на бројот на ноќевањата остварени од странските туристи, потенцира Павловски.

Според Павловски  надлежните и самите охриѓани треба да вложат дополнителни напори со цел бројот на туристи да го достигне бројот од 2008 година.  

OhridNews