Европското првенство во ракомет кое се одржува во Полска дојде до финална разврска. Нашиот верен читател Славчо Ристески за што подобра информираност на поситителите на најчитаниот портал Ohrid News ги анализира и типува двата полуфинални натпревари меѓу Норвешка – Германија и Шпанија – Хрватска.
Анализа: Норвешка – Германија (18:30ч)
Анализата за норвешката репрезенатица покажува дека шутираат на натпреварот најмногу во просек од сите репрезентации на ова европско првенство (околу 40 шутеви по натпревар). Тоа покажува на брза игра, игра со многу шутеви од неизградена позиција, многу полуконтри, но и многу грешки. Германската репрезентација на чело со најдобриот тренер на ова Европско првенство Исланѓанецот Дагур Сигурдсон ја подмлади репрезентацијата кога дојде на чело во 2014-та година и тоа помладување со врвни ракометари најмногу од најјаката лига во цел ракометен свет Бундес лигата донесе резултат!
Резултат за златен медал и мислам дека нема да ја пропуштат шансата познавајќи ги германците во вакви мечеви. Нив им давам најголеми шанси за највисокато место на подиумот! Одлична и брилијантна игра на буквално сите натпревари за германците, многу брзи млади бекови и крила, најдобра тимска игра во сите натпревари.
Изгубени бодовите само на почетокот против Шпанија, но кога тимската игра проработе на другите натпревари ги прегазија своите противници.
Проследувам статистика за моите типови за овој натпревар: Стефен Фет и Тобијас Рајхман
(Шпанија) Фет 29:32 20 мин игра 4/6, Рајхман 5/6 (4/4 пенали),
(Шведска) Фет 27:26 25 мин игра 3/5, Рајхман 9/12 (5/6 пенали)
(Словенија) Фет 25:21 30 мин игра 3/6, Рајхман 5/8 (4/5 пенали)
(Унгарија) Фет 29:19 30 мин игра 3/4, Рајхман 5/6 (3/3 пенали)
(Русија) Фет 30:29 20 мин игра 4/6, Рајхман 5/6 (4/4 пенали)
(Данска) Фет 25:23 50 мин игра 6/9, Рајхман 4/4 (4/4 пенали)
Намерно ја пишувам минутажата на сите овие натпревари за Фет заради тоа што Кристија Дизингер како прв избор на левата бековска позиција се повреди и не настапи против Данска, а нема да настапи и против Норвешка на овој дуел.
Статистиката на Дизингер досега на првенството е 17/39, што значи дека сигурноста за постигнување на гол за германската репрезентација од оваа позиција е во голем процент. Очекувам Фет да игра исто така 50 минути на овој натпревар и сигурно оваа граница од 3,5 ќе ја префрли. Тобиас Рајхман е прв избор за десна крилна позиција, незгоден левак и многу прецизен пеналџија!
Одличен податок е тоа што сигурноста за шутирање на пеналите е иста како во нашата репрезентација – иако промаши еден пенал, довербата од тренерот е иста и за наредниот досуден пенал!
Типови:
Стефен Фет – 3,5+ голови (коеф:1.60)
Тобијас Рајхман – 4,5+ (коеф:1.85)
Норвешка – Германија – X2 (коеф:1.75)
Норвешк – Германија – -2,5 (коеф:3.30)
Анализа: Шпанија – Хрватска (20:30ч)
Можеби прв избор пред ова европско за освојување на титулата беше репрезентацијата на Шпанија! Но за мене многу разочарувачка тимска игра, разочарувачки бекови, разочарувачка мотивација и секако кривица и кај селекторот.
Буквално на секој натпревар играч на натпреварот или сјајниот Штербик или десното крило Ривера кој е главен изведувач на пеналите за оваа репрезентација. Ниедна репрезентација не ја растурија буквално, со сите противници најголема издвојувана победа беше првиот натпревар против неразиграната млада репрезентација на Германија со „дури“ 3 разлика! (Против Словенија нерешено, против Данска пораз од 4 разлика, против Шведска, Унгарија и Русија победа едвај 2 разлика на кои натпревари во поголемиот дел од играта и губеа – освен со Данска каде што од 42-52 мин не постигнаа гол па така го изгубија натпреварот). Се на се очајна игра на ова Европско првенство за Шпанија која звучи ракометарски најмоќно од овие четири репрезентации во полуфиналето, но не заслужува ни медал.
Репрезентацијата на Хрватска на чело со селекторот Бабиќ и „Исус“ направија чудо и едноставно ги прегазија полјаците! На ова европско на почетокот изгубија од сега полуфиналистот Норвешка, лесни победи над Белорусија, Исланд и Македонија и тежок пораз од Франција во кој натпревар не фатија буквално ништо ни голманите а и одбраната не беше на ниво! Хрватска изненадувачки за мене игра најдобра одбрана на ова европско првенство (иако примија од Норвешка 34 голови сите примени со шутеви од над 9-10 метри). Причината која ја гледам дека играат најдобра одбрана е тоа што на секој натпревар буквално пикерите не можете да ги проиграте и шансите за гол од пикер се преминимални!
Од примени 34 гола од Норвешка – пивотите на норвешката репрезентација Мирхол (играч до 2015 на РН Ловен) 0/1 на натпреварот, Хикеруд (играч на Хановер) 1/1 на натпреварот. Со репрезентацијата на Исланд пивотот на ПСЖ, Гунарсон, постигна 1/1 на натпреварот, Шипшак – Полска (еден од најдобрите пивоти на денешницата) член на Барселона постигна 1/1 на блескавиот натпревар на Хрватската репрезентација.
Исклучок на оваа статистика е само пивотот на Барселона Сорјендо кој постигна 4/4 голови за Француската репрезентација, но Хрватска беше демолирана на тој натпревар од самиот старт и примија 32 гола – што ова не се очекува во полуфиналниот натпревар против Шпанија. Очекувам натпревар со мал број на голови (максиум екипите да одат до бројката од 26) и победа на хрватската репрезентација која е во облаци и сигурен сум дека таа игра против Полска можат да ја повторат!
Типови:
Агинагалде – -3,5 (коеф:1.95)
Шпанија – Хрватска X2 (коеф:1.95).
OhridNews