Во организација на НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид деновиве се одржа општинскиот натпревар за млади библиотекари, кој воедно беше и квалификациски за пласман на националниот натпревар што традиционално секоја година го организира  Библиотекарското здружение на Македонија.

Најдобра на годинешниот натпревар беше Анастасија Игњатовска VIII 1 одд. од ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Анастасија, која инаку е одлична ученичка,  ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар што ќе се одржи на 11-ти ноември во Струмица.

OhridNews