Анастасија Милеска
Инаку белградскиот важи за еден од десетте најдобри фестивали на класична гитара во светот што може да се види и од големиот број учесници од: Србија, Хрватска, Словенија, Романија, БиХ, Македонија, Грција, Јужна Кореа, Кина, Тајланд, Италија, САД, Шпанија, Португалија и др. На фестивалот учествуваа и еминентни светски професори и изведувачи како Костас Коциолис, Аниело Десидерио, Роберто Фабри, Ернесто Битети, Един Карамазов, Зоран Крајишник и многу други.
Талентираната Анастасија со маестро Роберто Фабри
Охриѓанката Анастасија е првата гитаристка од Македонија која изборила пласман во финале и освојува награда на GUITAR ART FESTIVAL-от во Белград.
Професорот Дарко Багески со наградената ученичка
Инаку Анастасија е ученичка во прва година во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје во класата на професорот Дарко Багевски, а пред тоа го заврши нижото музичко училиште во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид во класата на професор Александар Крстаноски.
Анастасија Милеска и Дамјан Пејчиноски