Екипата на Наполи никако неможе да најде начин за излез од резултатската криза. Нов удар „азурите“ претрпеа од Болоња која со 2-1 славеше на „Сан Паоло“ стадионот и ги освои трите бодови од средбата. После средбата тренерот на Наполи, Карло Анчелоти отфрли непослушност од фудбалерите и изјави дека сите заедно мора да бараат решение за ситуацијата.

Кажуваат дека тимот е против тренерот, но не е така. Имам супер однос со екипата и од никој до сега неможам да се пожалам. Секојдневно разговараме и разменуваме идеи и бараме начин како да излеземе од кризата, бидејќи очајни сме сите заедно. – изјави Анчелоти.

Наполи нема победа на последните осум мечеви во сите конкуренции. „Азурите“ имаат шест реми и два порази.

Не е проблем тактиката. Против Ливерпул покажавме голема вцрстина и решителност во играта. Примиме многу погодоци и потребна ни е ментална цврстина кога ќе поведеме и одговорност. Навивачите со право се разочарани и морам јас лично да покажам повеќе луцидност. – додаде италијанскиот стручњак.

Во следната рунда Наполи гостува кај тимот на Удинезе.

OhridNews